A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z #

THA TITANIUM lyrics : "Ognonosecot"

[Intro: El 'Borracho]
Јеј ЈЕЕЕЈ, Tha Titanium, ова е Огноносец,
римокосец, сум кило човек, другите 85 се кила проблем,

и секој од нив на ритмовите ми плове
и Прометеј е веќе овде, денот е роден,
Титаниум со нов проект, ова е 22 секунда

и се што е понатаму е боженствена небула!

[Verse 1: El 'Borracho]

Батали Гета и Сиа, пошто Титаниум е сила,
и фала за семплот, но лошо јас ќе го промовирам,
пошто не ми треба нечиј вокал, да зборат,

за тоа колку добар сум во рапот на мајкот штом прозборам,
доволно способен да пишам мој рефрен,
но нема потреба пошто сум вокално спремен,

како Техничар 9, не сум доставувач на брзина,
доставувам рими, со прецизност и совршина,
па нека се држат брат на метар од бина

пошто јас клоцам и скокам, да не ги нацапнам прстината,
или уште полошо, крвава фаца,
исто ко на шутките од мојте Raw 'n' Wicked браќа,

па сваќаш, пеер јас сум многу гнасен,
исто како твојот здив насабајле ( ХУХ ),
абе ајде, сите глумат улица до гроб брат,

дур направам да врне, пoсле сите мрш дома!

[Hook: El 'Borracho]

Иако, ти ако не си бил со мене,
сите знаат кој е верен, дали фитилот е спремен ДА!
Па нека дојде Огноносецот,

и после мене сите горете да има пламен до небо! X2

[Verse 2: El 'Borracho]

Батали Гета и Сиа, пошто Титаниум е сила,
рапериве сијат, како насмевката од Северина,
а звучат ко брановите во позадина ( ГЛУП, СИИИИИ, ГЛУП СИИИИ ),

не ми ни треба ритам, импровизирам,
јас сум сам своја школа така почнав и ќе бидам,
и кога ќе ми пријдат, другите емсиња, ми викат,

дека не е можно да сум толку добар на бина, ебаго,
исто ко да викаш дека неам стаж,
три години сцена, но одамна јас слушам рап,

а денес проблем е секој фан е рапер,
секој рапер-мадафакер, браво топ царе,
уште ти недостасуваше,

сега е редно да прекиниме со рапување,
пошто никогаш не велам дека сум многу добар,
јас секогаш велам дека другиве немаат појма и така иде тоа


[Hook]


[Verse 3: El 'Borracho]
Батали Гета и Сиа, пошто Титаниум е сила,
а камоли јас појќе средни прсти да имав,

па да бидат сите задоволени,
ова не е безобразно пошто сите сме големи,
освен тие што не се, гаси винамп,

но нема промаршај чим ти во листа имаш Титан,
и неможам да бидам софт, конектирам хард со кор,
името е синоним за цврстина и таков род,

па не ми мешај поими, ние сме родени,
да бидеме воини а не поети, па спореди,
кои зборови споени даваат поени за прави поеми,

а кои ги викаме копии ха?
Јас сум прототип, првиот од мојот тип,
можеби последен ако рапот вака продложи,

меѓу добоши, прав збор и прав звук,
Ел Борачо одјавува трака, салут!

Submit Corrections